Намалено загадувањето, но се уште над дозволеното

Од:

Концентрациите на ПМ10 честички паднаа под утврдениот праг на алармирање на 200 микрограграми, но се уште се над максимално дозволените. Загадувањето на воздухот и денеска е над дозволеното, мерките воведени вчера и денеска се применуваат, а се очекува од утре да бидат укинат.

Последните мерења на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат концентрации на ПМ 10 честички од 84 во Центар, 97 во Карпош, 131 кај Ректорат, 120 во Миладиновци и 70 во Бутел.

Од вчера освен кај Ректорат каде се регистрирани концентрации над 200 микрограми, секаде се под оваа граница но се сепак над дозволените 50 микрограми.

Среднодневната гранична вредност денеска се движи од 106 микрограми на метар кубен во Центар, 102 во Карпош, 151 кај Ректорат, 98 во Миладиновци, 103 во Бутел, а највисока во Македонија е во Струмица 199 микрограми.

Мерките за заштита од загадувањето беа воведени од страна на Владата во неделата, а се применуваа вчера и денеска. Денеска се очекува да бидат укинати бидејќи загадувањето е под прагот на алармирање од 200 микрограми.

Меѓу мерките се ослободување од работни обврски бремени жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, реорганизирање на работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, намалена употреба на службените возила и ограничување на работата на градежни објекти….

Два дена во Скопје согласно препораките на Град Скопје е воведен бесплатен јавен превоз, а загадувањето го одложи и почетокот на второт полугодие за два дена.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза