(ВИДЕО) „О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од ПР мерки против загадувањето

Од:

„Ова што го прави власта, не е борба против загадувањето. Ова се ПР мерки за намалување на бесот кај граѓаните и не се по ништо различни од претходните, исти се, ги видовме, не дадоа резултати“, изјави за Макфакс, Невена Георгиевска од „О2 иницијатива“. Таа, ги повика надлежните да си поднесат оставки, затоа што како што рече немаат ниту капацитет, ниту желба да се спрват со проблемот.

„За жал власта проблемот со аеро-загадувањето го сфати многу лежерно. Не може да глумиме загриженост и да чекаме да поминат две години, па потоа да видиме дека планот не успеал, па да правиме нови планови. Се знае треба сериозно да се зафатат со него, да се одвојат повеќе пари и конкретно да се делува. Се покажа дека ова власт, нема ниту волја, ниту капацитет, ниту луѓе на вистински места да направат нешто. Не може да ни биде приоритет ЕУ и НАТО, а ваково сериозно прашање да се турка на страна. Затоа бараме оставки од сите кои се надлежни за негово решавање. Нека покажат свест и одговорност, нека се повлечат, а на нивни места нека дојдат луѓе кои вистински ќе се заложат “, рече Георгиевска.

Георгиевска му порача на заменикот-министерот Макрадули да не повикува на трпение кај граѓаните, затоа што реалната состојба не го дозволува тоа. Додава дека секојдневно се зголемува бројот на пациентите во болниците, кои се жалат на респираторни проблеми.

„Нека појде на ургентен, на пулмологија, да погледне како е да се дише на апарати. Како изгледа да се бориш за воздух“, рече Георгиевска.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС