Царовска и Перкс во посета на мал групен дом во Скопје

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и преставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс денеска ќе посетат еден од малите групни домови во Скопје каде што од неодамна живеат дел од децата од Домот без родители „11 Октомври”.

На 2 јануари од Министерството за труд и социјална политика информираа дека до средината на јануари целосно ќе се трансформира Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, во рамки на процесот за деинституционализација.

Според МТСП, дел од децата веќе се сместени во два групни дома во Скопје, а до крајот на неделата дел од децата ќе се згрижат во мал групен дом во Штип. Тогаш беше најавено дека се очекува последната група деца Домот „11 Октомври“ да го напушти до почетокот на второто училишне полугодие.

-Пред неполни три месеци целосно беше трансформиран и Домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во пет мали групни домови во Скопје и се вклучено во редовниот образовен процес. Исто така до крајот на минатата година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години и сместени во мали групни домови каде што добија 24 часовен надзор, и индивидуализирани програми и дефектолошки третмани. Со овој процес досега бројот на деца сместени во институции се намали за 60 отсто, беше посочено во соопштението од Министерството.

Заложбите на МТСП и на Владата се до 2020 година ниту едно дете под 18 години да не остане во институциите и целосно да го промени начинот на што државата се грижи за децата и возрасните што им е потребна долгорочна социјална грижа. Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ, УНДП и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска