Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека од денеска во 12 часот е бесплатно користењето на јавниот превоз во главниот град.
Одлуката, со која автобусите на ЈСП и приватните превозници од денеска напладне ќе возат бесплатно, е дел од итните мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.
Таа следува откако квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, односно над 188 микрограми на кубен метар на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.
Одлуката ќе важи сè до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена.