Поранешната број 1, Марија Шарапова беше елиминирана во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија. Русинката беше поразена по над двочасовна битка на теренот од локалната миленичка Ешли Барти со 6:4, 1:6, 4:6.
Дваесет и две-годишната Барти стана првата Австралијка по 10 години, која наоѓа место во четвртфиналето, каде што нејзина соперничка ќе биде Чехињата Петра Квитова, која ја отстрани Американката Аманда Анисимова со 6:2, 6:1.
Барти беше поддржана силно од навивачите на трибините каде присуствуваше и легендата Род Лејвер и премиерот на земјата, Скот Морисон.
Шарапова се држеше добро на теренот во првиот сет, откако направи брејк во деветтиот гем. Во вториот Барти направи два брејка и го израмни резултатот во сетови.
Одлучувачкиот сет започна лошо за Русинката, која поведе со 0:4, но успеа да освои три последователни гемови. Сепак, ова беше недоволно за да се спречи Барти да учествува во четвртфиналето, со што г повтори постигнувањето на Јелена Докиќ од 2009 година.
– Едноставно нереално е да се игра и да се победи на овој прекрасен терен пред полни трибини, сподели среќата Барти по мечот.