ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е човекот кој се откажа од вековното име

Од:

„Заев кажа, Заев излажа. Аболицираниот Заев говореше дека не се родил Македонец кој би го променил Уставот со цел промена на уставното име. Излезе дека таков антимакедонски лик се родил и во историјата ќе остане запаметено дека Зоран Заев е човекот кој се откажа од вековното име.

Истиот тој Заев спротивно на волјата на граѓаните, со закани и уцени ги протурка уставните измени и го промени уставното име на државата. Не само што го промени името, го промени и идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и народ. Со други зборови се откажа од се што е македонско.

Иако во кампања тој се колнеше во своите предци и идни поколенија дека не помислува на ваков капитулантски чин, кога ја превзема власта за спас на својата бедна политичка кариера ги продаде националните и државните интереси.

„Поетот“ Заев не така одамна говореше и за македонска жица која доколку се скинела тој „изгубен во времето, би го барал семето, одејќи по жица“. Сега кога сам ја искина македонската жица трага по семето на скијање во Гармиш-Партенкирхен.

Лагите на Заев се црнила за граѓаните, секоја една лага секое едно неисполнето ветување значи црнила за македонскиот граѓанин. Тој самиот е олицетворение на црнилата кои надвиснаа над нашата држава. Граѓаните ќе ги поразат црнилата, зората ќе ги порази црнилата. На следните предвремени парламентарни избори граѓаните ќе одлучат дали се „ЗА“ понижена Северна Македонија или „ЗА“ напредна и успешна Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски