Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Од:

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.

Мерните станици во некои делови од Скопје покажуваа концентрација од над 550 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, од дозволените 50 микрограми. Некаде пак, концентрацијата на ПМ 10 честички достигнуваше и до 800 микрограми.

Реакциите на социјалните мрежи не стивнуваа.

„Џабе урламе, протестираме, молиме за чист воздух и здрав живот. Чаре нема. Никој не сака да пофати барем од некаде! Крајно сум изреволтирана и страшно загрижена за сопствениот и животот на најмилите“, пишуваа граѓаните.

Ја сум на сам почеток, на 30 м од кружниот во Влае. Шетав куче во 11. Не знам дали баш волку осетив, ама тука негде беше: жива кола немаше, овде никој на дрва не се грее.. дај доста лажевте.

Posted by Katerina Kolozova on Сабота, 19 јануари 2019

Загаденоста на воздухот е висока и во моментов. Во Центар, на пример, загаденоста на воздухот е 5 пати над дозволената граница.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС