(ВИДЕО) Дескоска: Секој граѓанин има право да пријави корупција

Од:

Во текот на вчерашниот ден, Собранието го изгласа новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, според кој се предвидува формирање на нова професионална антикорупциска комисија, со зајакнати надлежности и ефективни механизми за борба против корупцијата.

Во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите се имплементирани препораките на ГРЕКО и Европската унија, како и препораките на експертската група на Рајнхард Прибе.

Министерката за правда, Рената Дескоска, даде образложение за клучните придобивки за граѓаните од овој нов закон.

-Владата предложи закон кој се темели на следните основи: Силна Државна комисија за спречување на корупцијата со зголемени надлежности и ефикасни механизми за спроведување на надлежностите, сериозни критериуми за избор на професионален состав на оваа комисија и транспарентна и инклузивна постапка за избор на членови, коja предвидува учество на претставници на граѓанските организации и медиумите, а не вклучува претставници на Владата – истакна министерката Дескоска.

Во поглед на зголемените надлежности, министерката Дескоска како клучна придобивка ја потенцираше контролата на финансирањето на политичките партии, која е пред сè превентивна, а ќе се врши врз основа на годишен план, но и по поднесенa пријавa од други државни органи, политички партии или граѓански организации, и секако – по службена должност.

-Граѓаните имаат право, врз основа на општ член којшто е содржан во законот, да пратат иницијатива до државната комисија за спречување на корупцијата, и доколку таа иницијатива е основана, Државната комисија за спречување на корупцијата по службена должност покренува постапка за контрола на финансирање на политичките партии – потенцираше министерката за правда Рената Дескоска.

Во делот на финансирањето на изборните кампањи, внесени се можности секој организатор на изборна кампања, но и набљудувач, да даде приговор на финансирањето на изборните кампања, но уште поважно, внесени се рокови во кои ДКСК мора да постапи.

“Не смее да ни се повтори праксата претставките да завршуваат во фиоките во ДКСК и да се чека да завршат изборите па некогаш да се сработат“ – истакна министерката.

Новина е и обврската ДКСК да врши проценка на ризик од корупција, да детектира области за ризици и да прави годишен план за превентивна проверка на анкетни листови на функционери, на финансирање на политички партии, на јавни набавки и слично, со што ДКСК превентивно прави проверки дури и кога нема сомневања.

Значајно е исто тоа што ДКСК ќе има право на директен увид во сметките на носителите на јавни функции, односно за нив нема да важи принципот на банкарска тајна. Дополнително на тоа, ДКСК ќе има и директен пристап во најмалку 64 бази на податоци, при што ќе можат да прават и вкрстени проверки на имотната состојба. Внесена е и надлежност ДКСК да испитува и евентуални сомневања за корупција при јавните набавки.

Следејќи ја законско утврдената постапка, Собранието на Република Македонија може да започне со постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски