Одредбите од законот за плати на судиите ќе се најдат пред Уставниот суд

Од:

Здружението на судиите на последната седница задолжило работна група да изготви иницијатива до Уставниот суд на РМ за одредби од законот за плати на судиите како и да подготви предлог законски измени на законот за плати на судиите. Според информациите на „А1он“, иницијативата е за замзрнување на коефициентот за пресметување на платите. Работната група треба да предложи и законски измени за платите на судиите.

Моментално судиите подготвуваат тужби за неисплатените додатоци, а поднесени биле и првите опомени. Здружението предлага измени на Законот за платите на судиите, кои се однесуваат на основицата за пресметување на плата на судиите. „А1он“ дознава дека веќе била донесена првостепена одлука на суд во Тетово во корист на судијата, а постапката е пред Апелациониот суд во Гостивар.

Работната група на Здружението заклучила и дека во согласност со Законот и другите подзаконски акти, Судско-буџетскиот совет бил должен да врши исплата на додатоците на плата и за преостанатите месеци од кога се стапени во сила актите. Судиите своите права за заостанатите месеци можат да ги остварат преку поднесување тужби.

Судскиот-буџетски совет, чиј претседател е првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски, објасни дека исплатата на додатоците зависи од кондицијата на судскиот буџет и парите кои државата ги издвојува за исплата на овие додатоци и на судиите и на судската администрација.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДЗР: Власта одвојува многу малку пари за судството

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува