Во Русија уапсена Белорусинка која тврди дека ги знае „тајните на Трамп“

Од:

Руската полиција ја уапси манекенката и ексорт дама од Белорусија, Анастасија Вашукевич, која го привлече вниманието со тврдењето дека има информации за руско мешање во изборите во САД во 2016 година, на кои победи актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Како што јавија руските медиуми, Белорусинката била уапсена во Москва, веднаш по нејзиното пристигнување од Тајланд, од каде беше протерана поради проституција.

Вашукевич, позната под псевдонимот Настја Рибка, лани во февруари беше уапсена во тајландскиот град Патаја, заедно со уште девет странски државјани, под обвинение дека држеле „курсеви по секс“.

Руските власти засега не го потвдија апсењето на Вашукевич, но медиумите повикувајќи се на изјави на очевидци, наведуваат дека таа била уапсена на царинската контрола на аеродром во Москва, веднаш по пристигнувањето од Тајланд.

Вашукевич го привлече вниманието на јавноста со тврдењата дека му пружала ескорт услуги на рускиот олигарх Олег Дерипаска, кој бил близок пријател со поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп, Пол Манафорд, при што била сведок на наводна помош од Кремљ за американскиот претседател пред изборите, за што наводно поседува и снимки.

Таа не обелодени за каква „помош“ станувало збор, а многумина ја обвинија дека со таквите тврдења само сакала да привлече внимание на себе.

Вашукевич е позната и како автор на книга во која објаснува како треба да бидат заведувани богати мажи.

Обвинувањата на Вашукевич за руска помош при изборот на Трамп беа демантирани и од Москва и од Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск