Фудбалерите на „Челзи“ не сакаат замена на дресовите со играчите на „Спарта“

Од:

Актуелниот европски шампион „Челзи“ утре во Прага ќе одигра натпревар со чешка „Спарта“ во рамки на шеснаесеттинафиналето од Лигата на Европа.

Иако, се уште не се открива каде ќе бидат сместени членовите на англискиот тим, според организаторите, гостите немале никакви манири и однесувања на големи ѕвезди, јави дописникот на МИА од Прага.

– Побараа во кабините да има мраз, топли и студени пијалоци или овошје, рече портпаролот на „Спарта“, Ондреј Касик.

Сепак, едно барање ги изненади навивачите и обожавателите на „Челзи“. Имено, по завршувањето на натпреварот нема да биде испочитувана неколкудецениската традиција на менување дресови меѓу фудбалерите од двата клуба и тоа на барање на „Челзи“.

До тоа најверојатно ќе дојде идната недела, кога двете екипи повторно ќе се сретнат во Лондон.

Прашкиот стадион „Летна“ е веќе „распродаден“, а љубителите на фудбалот се надеваат на трибините да го видат и сопственикот на „Челзи“ Роман Абрамович, кој е еден од најбогатите луѓе во светот.

Натпреварот со нетрпение го очекува и голманот на Челзи Петр Чех, кој иако повреден се надева на игра.

– На натпревар против чешки противник чекав 12 години, а следните 12 не ќе можам. Тоа е иронија на судбината, изјави голманот на лондонскиот тим, кој е чешки фудбалски репрезентативец и кој, пред 2004 година, од кога брани за Челзи, беше голман на прашка „Спарта“.

МИА

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска