Белгиски синдикат бара крај на протестите на „Жолтите елеци“

Од:

Фебетра, белгискиот синдикат за транспортери, побара од министерот за внатрешни работи да преземе мерки за да им се стави крај на протестите на „Жолтите елеци“, јавува дописничката на МИА во Брисел.

Слично на Франција, движењето на „Жолтите елеци“ протестира од средината на ноември ширум Белгија, главно преку блокирање на автомобилите и камиони на кружните текови и автопатите во земјата, и бара подобар животен стандард.

Од почетокот на движењето, најмалку десет лица загинаа како резултат на нивните протести.

Синдикатот Фебетра бара од министерот за внатрешни работи на Белгија, Питер Де Крем да преземе мерки за да им се стави крај на блокадите и предупредува дека “безбедносната ситуација станува неподнослива“ за шоферите.

-Сакаме властите да преземат мерки за да им се стави крај на блокадите, шоферите и нивните возила се нападнати, навредувани, камионите се оштетуваат, тензијата расте, алармира синдикатот во соопштение.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски