Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Од:

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисес (СГС) која се поврзува со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, доби нов тендер од 113 илјади евра. За овие пари, агенцијата треба да го обезбедува Археолошкиот музеј на Македонија за период од една година. СГС била единствената фирма која се пријавила на тендерот каде услов за да се добие била најниската понудена цена.

Минатиот месец, СГС доби уште тендер, за обезбедување на Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија од околу 24 илјади евра. СГС ги обезбедува и Агенцијата за електронски комуникации, основните училишта и детските градинки во Општина Аеродром, Општата болница во Велес.

Најголемиот договор е склучен со Агенцијата за електронски комуникации, кој изнесува 287 илјади евра.

Агенцијата за обезбедување СГС се појави на пазарот во 2010 година и за кратко време почна да ги потиснува останатите агенции и да ги добива најголемите државни тендери за обезбедување на клучни објекти, од кои голем број од проектот „Скопје 2014“. Иако зад агенцијата формално не стоеше ниту едно звучно име, во медиумите таа се поврзуваше со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој сега е во домашен притвор за случајот „Империја“.

Од прислушуваните аудио снимки на тогашната опозициска партија СДСМ стана јасно дека Мијалков се крие зад СГС и дека договара нови вработувања, одлучува кој ќе биде ангажиран во агенцијата и договара државни тендери.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

ВИДЕО: Полицајци тепале обезбедување на казино

A1on

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор