Претседателите на Бразил и на Аргентина, Жаир Болсонаро и Маурицио Макри денеска, по нивната прва средба, изјавија дека се согласиле да се спротивстават на авторитарната влада на Венецуела.
– Нашата соработка со Аргентина за венецуелското прашање е најјасен пример за приближување на ставовите и заедничките вредности, рече Болсонаро.
Кога ја презеде должноста, на 1 јануари, Болсонаро зазеде построг став кон Венецуела кој е поблиску кон САД во однос на претходните бразилски влади.
На прес-конференцијата, Макри го нарече „диктатор“ претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.