Организацијата на француските работодавачи ги повикува претпријатијата да се подготват на „најлошото“

Од:

Медеф, водечката организација на француските работодавачи, ги повикува компаниите да се подготват за „најлошото сценарио”, за излезот на Велика Британија од Европската унија без договор.

„Овој резултат, сега го прави за жал можно излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор на 29-ти март” пишува во соопштението на Медеф, која се уште се надева дека ќе се најде решение.

„Во секој случај, Медеф ги повикува сите компании да се подготват за најлошото сценарио, односно немање-договор” и за неговите последици за нивните активности, додава организацијата на работодавачи во соопштението.

Медеф потсетува дека за излез без договор, луѓето, стоките, услугите и капиталот повеќе не може да се движат слободно меѓу Европа и Обединетото Кралство.

Според организацијата на работодавачите, 300.000 Французи работат од другата страна на Ла Манш. Истовремено 150.000 Британци се населиле во Франција, каде што речиси десет милиони нивни сонародници доаѓаат секоја година на одмор, 30.000 француски претпријатија извезуваат во Велика Британија и повеќе од 3.000 од нив се на британска територија.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски