(ВИДЕО) Мицевски лут на Дескоска: Поднесуваме амандмани, а Вие веднаш велите дека блокираме

Од:

Денеска на дневен ред имаме важен реформски закон, кој за две недели три пати го ставате и повлекувате, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за време на седницата во Собранието на која на дневен ред е предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Мицевски ја праша министерката за правда, Рената Дескоска зошто вели дека опозицијата блокира со поднесување на амандманите, а образложи и зошто ВМРО-ДПМНЕ реагира во однос на процедурата.

„Зошто за закон за кој има согласност од сите партии, имаме поднесено квалитетни амаднамнски решенија, разговарано е меѓу пратениците, доаѓаме во ситуација Вие како министер упорно да барате да детектирате дека некој ја кочи реформата. Не кочиме, туку реагираме за процедурата, на ставњето ЕУ знаменце. Сите забелешки се во насока на подобрување на законот. Доволно беа напаѓања, дајте да учевствуваме“, порача Мицевски.

Координаторот заклучи дека опозицијата реагира според деловникот, а поднесувањето на амандмани, како што подвлече, не е блокирање.

Претходно министерката, Рената Дескоска изјави дека Владата го пуштила законот порано, меѓутоа бил блокиран со амандмани. Таа истакна дека антикорупциската комисија треба да биде избрана до изборите, за да се следи финансирањето на политичките кампањи.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски