ВИДЕО: Полупразна судница на судењето за 27 април – рочиштето одложено

Од:

Судијката Добрила Кацарска го одложи денешното рочиште за судењето за настаните од 27 април во Собранието. Причина за денешното одлагање на судењето е фактот што за дел од обвинетите кои побарале амнестија не добиле правосилни решенија. За обвинетиот Горан Ѓошевски Леви кривичниот совет на скопска единица повторно ќе одлучува поради грешки во решението, а обвинетиот Мунир Пепиќ побарал јавна седница во Апелациониот суд за жалбата дека не добил амнестија.

Следното рочиште е закажано за 21 јануари кога треба да бидат изнесени завршните зборови.

Амнестија за крвавиот четврток не побараа ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции, Душко Лазаров, еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, и Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија.

Судот им ги одби барањата за амнестија на обвинетите Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски Ќосето, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Случајот за настаните во Собранието на 27 април 2017 година почна на 22 август 2018 година, против вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Позитивно мислење по барањата за амнестија, добија петтемина пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, вработените во кабинетот на тогашниот собраниски претседавач, Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска, браќата Младеновски кои открија детали за организацијата на крвавиот четврток, Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски од патриотските здруженија.

Досега во судската беа сослушани 50-ина сведоци, меѓу кои и еден загрозен сведок, при чие сведочење јавноста беше исклучена. Меѓу нив сведочеа: актуелниот премиер Зоран Заев, министрите Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и други.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески