Заев со благодарност до бугарскиот спасувачки тим кој учествуваше во акцијата за спасување на македонските скијачи

Од:

Премиерот Зоран Заев изрази благодарност и го пофали бугарскиот тим кој учествуваше во спасувањето на петмината македонски скијачи во Банско.

Брзата и стручна акција на Планинската спасувачката служба Банско во Република Бугарија спречи несакани последици по…

Posted by Zoran Zaev on Понеделник, 14 јануари 2019

„Брзата и стручна акција на Планинската спасувачката служба Банско во Република Бугарија спречи несакани последици по животот и здравјето на петтемина скијачи од Република Македонија на скијачкиот центар Банско”, напиша Заев на Фејсбук.

Според премиерот, „интервенцијата на членовите на Планинската спасувачка служба е реакција и на хуманисти и пријатели кои се издигнаа на висината на задачата за да го заштитат здравјето и животот на луѓето во опасност”.

„Со овие зборови упатувам искрена благодарност до сите членови на тимот што учетствуваа во оваа спасувачка акција, и истовремено оддавам должно признание за високата професионалност и подготвеност за соодветна интервенција која треба да биде пример за посветеност”, напиша премиерот Заев.

По тричасовна акција, синоќа успешно се извлечени петмина македонски сноубордери и скијачи кои залутале и паднале во бездна на Пирин кај Банско, Бугарија. Тие биле спасени околу 21 часот, а во акцијата учествувале десет спасувачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Мицкоски: Потребни се гаранции од ЕУ – секоја отстапка донесе нов услов