ВИДЕО: Тодор Петров ќе собира потписи за нов референдум, комисијата даде зелено светло

Од:

Со 8 гласа „за“ и еден воздржан, Комисијата за политички систем ја прифати иницијативата на Тодор Петров за собирање потписи за распишување на нов референдум за името со прашањето: „Дали сте за Република Северна Македонија“.

Подносителот на иницијативата за нов референдум рече дека со иницијативата граѓаните ќе ја проверат претходно донесената одлука на Собранието на 11 јануари за промена на името во Северна Македонија.

„Со измената на Уставот со амандманот 33 направен е обид за промена на името согласно со спогодбата Димитров-Коѕиас која де јуре не постои“, рече Петров.

Тој се повика на референдумот од 30 септември и заклучокот на Државната изборна комисија која констатира дека не е донесена одлука.

Иницијативата според него е уредна, покрената на предлог на 179 граѓани и ги исполнува сите услови согласно Законот за референдум.

Самка Ибраимовски рече дека не може да се прават екскурзии и желботеки, кој сака и како сака да бара поправен испит. Според него тоа што гласале над 600 илјади луѓе на 30 септември го прави референдумот успешен и затоа не требало повторно да има референдум.

„Не треба да се прават дополнителни трошоци“. Ибраимовски рече и дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои зад предлогот на Тодор Петров.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, рече дека иницијативата е уредна и дека не трбе да се шири дискусијата туку да се задржи расправата на тоа дали предлагачот доставил уредна иницијатива.

Ако претседателот на Собранието даде мислење дека иницијативата на Петров е уредна, откако ќе ја извести ДИК, подносителот има рок од три месеци да собира потписи. Петров очекува постапката за собирање потписи да почне од 15 февруари.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов