Селекторот на Хрватска, Лино Червар, е претпазлив пред денешниот дуел со Македонија во рамките на 3. коло Б-група на Светското ракометно првенство.
– Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победа. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно. Бев селектор на Македонија и секогаш кажувам дека тоа е мојата втора татковина. Ракометот во Македонија е најпопуларен спорт. Го имаат Лазаров, Манасков Стоилов,… Мораме да бидеме претпазливи, изјави Червар.
Почетокот на натпреварот е во 18 часот.
По првите две рунди Шпанија, Македонија и Хрватска имаат по максимални четири бода, додека Исланд, Бахреин и Јапонија се без освоен бод.