На ГП „Долно Блаце“ приведени две лица од листата на „Интерпол“

Од:

Еден косовски и еден албански државјанин се уапсени вчера на граничниот премин „Долно Блаце“ при влез во Македонија врз основа на известување од Интерпол.

Полицијата денеска соопшти дека во 4:30 часот вчера изутрината на ГП „Долно Блаце“ за влез во Македонија бил приведен Л.Ш.(33) од Албанија, врз основа на телеграма од Интерпол за сторени кривични дела „тешки кражби“. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Како што е наведено во дневниот Билтен на Министерството за внатрешни работи, на ГП „Долно Блаце“ синоќа во 18:50 часо при пасошка контрола за влез во Македонија е констатирано дека Б.Ш.(47) од Косово се наоѓа на листата од Интерпол со мерка „Апси“, по што е приведен за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски