Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Од:

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети. Вака, долгогодишна вработена ја опишува состојбата во Јавниот сервис МРТВ. Водата која пред некој ден се сливаше по скалите и холот, ја прели чашата поради негрижата на надлежните. Вработените реагираат, не е ова прв пат, и освен огромните плати со менаџерски договори, хонорарите и да се изнесе и уништи уште тоа што останало, ништо не ги интересира.
Пренесуваме и дел од постот на вработената, која ја одразува катастрофалната слика во МРТВ.

„1.Труење на мачки со јак отров, а во тоа време секој ден гостуваа деца во „Ѕвон“. Среќе што ништо не допре по ходниците. Се уште се чувствува мирис на мртви животни. 21 век?
2.Немање основни за работа, како столчиња, тоалети, сапун. Климите еднаш работат еднаш не, хигиената е на ниско ниво.
3. Работата што треба да ја работат вработените се дава на надворешни продукции, а при тоа вработените остануваат без работа. Се случува, без нивна вина, да немаат емисија.
4. Раководители на сектори и одделенија со „усни наредби“. Ова е веројатно единствен ваков случај.
5. Оценување на медиумски работници и новинари како да се јавна администрација. Остана непознато кој и по кои критериуими оценувал.
6. Доцни исплатата на и така нискиот личен доход на вработените.

Сето тоа поминува покрај Синдикатот, кој е член на огранокот на СИЕР (Синдикат на индустрија, рударство и енергетика).

Каква ли врска има тој Синдикат со медиумските работници?

Со ваков Јавен сервис треба да се влезе во ЕУ?

Оваа слика на МРТВ, реално и болно ја отсликува состојбата во која долги години е Јавниот сервис. За жал до сега буквално ништо не е преземено за подобрување на состојбата. Напротив, состојбата се влошува, се води уредувачка политика непримерна за Јавен сервис, се уништува архивата, опремата и кадарот. МРТВ до сега не успеваше да се одлепи од канџите на која и да е власт поради финансиската зависност. Законот за аудио и аудио визуелни услуги, по година и пол, конечно е изгласан. Но, најважна е имплементацијата и досега декларативната заложба на актуелната власт да се преточи во пракса и Република Македонија да добие професионален и квалитетен Јавен радио-дифузен сервис“

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on