Хант: Ова е историски момент за Македонија

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант го поздрави усвојувањето на уставните измени од страна на македонскиот Парламент и го оцени како историски резултат.

-Денес Парламентот на Македонија гласаше за поддршка на уставните измени со цел спроведување на Договорот од Преспа. Се надеваме дека Договорот ќе биде ратификуван од грчкиот парламент. Со ова се става крај на долгодишниот спор меѓу двете земји и и се отвора патот на Македонија да напредува кон членството во ЕУ и НАТО, посочи Хант.

Обединетото Кралство, додаде, силно го поздравува денешното гласање во Парламентот на Македонија за поддршка на спроведувањето на Договорот од Преспа.

-Ова е историски момент за Македонија. Ова е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница. Спроведувањето на Договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината, порача Хант.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира Македонија

Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото кралство е втор столб на нашата меѓународна позиционираност

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот