(ВИДЕО) Демонстрантите до пратениците: Не ја силувајте државата, избрани сте од народот, а не од Заев

Од:

Граѓаните кои протестираат пред Собранието на Република Македонија на пратениците им порачаа дека нема основ да бидат изгласани уставните промени и дека она што се прави во законоданиот дом е силување на нацијата и државата што во ниту еден случај не смее да помине.

-На пратениците треба да им влезе во глава дека се избрани од народот, а не од Заев и СДСМ и треба да мислат добро за народот и оваа држава.Нема основ да се разговара, преговара и на да се носат одлуки за промена на уставот. Ова е силување на нацијата, на државата и на никој начин не смее тоа да се одобри и помине, велат демонстрантите.

Тие сметаат дека денеска, спротивно на волјата на граѓаните ќе бидат изгласани уставните промени бидејќи. Демонстрантите обвинуваат дека пратениците се поткупени и под притисок на Европа и Америка,

-Денеска најверојатно ќе се изгласа бидејќи сите тие внатре се добро поткупени од западна Европа и Америка. Сето ова е фарса, но сепак народот излезе да си го каже своето незадоволство дека не се согласува со политиките на актуелната власт што се виде и од резултатите на референдумот кој не беше валиден, велат граѓаните од пред Собранието на РМ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски