Епл 1 продаден за 905 илјади долари

Од:

На аукцијата организирана од Бонхамс во Њујорк се нашол и Епл 1 компјутерот, кој е создаден во 1976 година во гаража на Стив Џобс и Стив Вознијак.

Овој компјутер тогаш се продавал по цена од 666 долари и е продаден во 200 примероци.

Иако се очекувало овој апарат на аукцијата да биде продаден за 500 илјади долари, многумина се изненадиле од цифрата која достигнала дури 905 илјади долари.

Овој пат Епл 1 не замина во рацете на приватен колекционер, бидејќи најголемата понуда ја даде Музејот „Хенри Форд“ од Њујорк.

Техничките карактеристики на овој апарат сега изгледаат смешни, бидејќи Епл 1 бил опремен со MOS 6502 процесор од 0,001 гигахерци и 0,0000038 гигабајти РАМ меморија, а на корисниците им давал резолуција од 280х192 пиксели.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска