Ѕинго се откажува од пратеничкиот мандат

Од:

Претседателот на Социјалистичката партија Љубисав Иванов Ѕинго одлучил да се откаже од пратеничкиот мандат, дознава А1.

Ѕинго веќе поднел барање до собраниската комисија да го разреши од функцијата.

Портпаролот на партијата, Малиша Станковиќ, за А1, потврди дека Ѕинго се одлучил на овој чекор поради лични причини, но и дека останува и натаму претседател на Социјалистичката партија.

На местото на Ѕинго после неговото повлекување, како пратеник доаѓа Марија Рашковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Собранието Социјалистичката партија останува со два пратеници, Малиша Станковиќ и Владанка Авировиќ.

Повлекувањето на Ѕинго од пратеничката функција се поврзува со рокот што го постави СРД  до 30 септември сопствениците на Канал 5 и Сител  да се одлучат дали ќе ги задржат медиумите  или ќе ја задржат функцијата.

Според законот за радиодифузија, не може вршители на функција и членови на нивното потесно семејство да имаат сопственичка структура во медиуми.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови