24 декември ќе влезе во извештајот на Ховит

Од:

Случувањата во Собранието на 24 декември ќе влезат во извештајот за Македонија, што го подготвува Ричард Ховит, известувач на Европскиот парламент за земјава, на барање на членовите на Комитетот за надворешни работи, кои денеска дебатираа за предлог-резолуцијата.

Ховит го информирал Комитетот за денешната средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, изразувајќи надеж дека кризата може да биде надмината.

„На крајот на дискусијата што траела околу час и половина, известувачот Ричард Ховит додаде дека поради инсистирање на некои од пратениците, во извештајот на Европарламентот ќе мора да се најде место и за политичката криза во Македонија, но кое би било фер и коректно, без да се завзема страна. Тој се согласи со предлогот на Нејтс-Ујтеброк за нашата земја и Грција да делат заедничка историја и личности, исто како што е и случајот со Бугарија. Тој негираше дека некој од опозициските пратеници за време на настаните на 24 декември бил приведен, но дека имало информации за тројца повредени“, пишува весникот Дневник.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне