Зума: Сите се молиме за здравјето на Нелсон Мандела

Од:

Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума изјави дека здравствената состојба на Нелсон Мандела и понатаму е мошне сериозна, но е стабилна.

– Сите се молиме за здравјето на Мандела. Тој е добар борец и верувам дека набрзо одново ќе биде со нас – изјави Зума.

Претседателот Зума објасни дека лекарите во болницата во Преторија прават се што е во нивна моќ, додавајќи дека Мандела се наоѓа во добри раце.

Поранешниот претседател на Јужна Африка, 94-годишниот Мандела, најпознатиот африкански борец против политиката на апартхејдот, веќе пет дена се наоѓа во одделението за интензивна нега поради воспаление на белите дробови. Тој беше префрлен во болница од неговиот дом во Јоханесбург, откако состојбата со болеста нагло му се влошила.

Претседателот Зума синоќа во телевизиско интервју зборуваше за моменталната состојба со здравјето на Мандела, откако претходно беше известен за заклучокот на лекарите.

Според Зума, Јужна Африка се уште има потреба да биде со Мандела, кого го нарече „татко на демократијата“ во земјата.

Мандела е роден во 1918 година, а од 1943 година е член на сега владејачкиот Африкански национален конгрес. Во 1964 година тој беше уапсен и осуден на доживотен затвор, од каде беше ослободен во 1990 година. Четири години подоцна беше избран за првиот црномурест претседател на Јужна Африка, а од функцијата се повлече во 1999 година.

Последен пат се појави во јавноста во 2010 година, на отворањето на Светското фудбалско првенство во Јужна Америка.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска