Зошто Германија е ветена земја за бегалците?

Од:

И покрај стотиците напади врз бегалци во текот на последните месеци Германија е единствената членка на ЕУ каде што тие освен што добиваат достоинствен формален прием согласно европските договори примаат и отворена поддршка од обичните граѓани. Илјадници од нив досега се пријавиле да примат во своите домови бегалци од кризните подрачја во Сирија, Ирак и Африка.

Најпознат од нив е пратеникот на Христијанско Демократската Унија на канцеларката Ангела Меркел, Мартин Пацелт кој привремено во својот дом во Брандербург примил двајца бегалци од Еритреја.

Според организацијата од Берлин „Добредојдовте бегалци“ досега само во главноот град на Германија 780 семејства понудиле привремено да прифатат во своите домови бегалци. Но германците не нудат само сместување. Дел од нив ги полнат своите автомобили со продукти како облека, пелени, храна па дури и играчки за деца и ги истоваруваат на местата каде што пристигнуваат бегалците. Други пак нудат поинаков вид на помош: учење германски јазик, превод или чување деца.

Колкав е одзивот за помош упатен од локалните невладини органзиации кои што се занимаваат со помош на загрозени лица најдобро се гледа од повикот на полицијата во Минхен каде што во вторникот беша побарано да се запре со донирање помош затоа што локацијата била пренатрупана со разни видови помош за бегалците. Најголем дел од тие што се ангажираат во вакви акции, речиси 70 насто, се од женски пол.

Во акцијата за прием на беглаците се вклучија и многу јавни личности а најактивни се спортистите и навивачите кои што со пораки преку социјалните мрежи или со банери на терените им посакуваат добредојде на бегалците. Дури и во Дрезден каде е седиштето на Движењето на патриотските европјани против влијанието на Исламот популарната ПЕГИДА на бегалците ги пречека огромен банер закачен на воз на кој на арапски јазик им се порачува добредојде.

На политички план состојбата е слична како и кај обичните граѓани , крајно десничарските движења се внимателни кон бегалците и го следат ставот на десноориентирана јавност која што пристигнувањето на бегалците го смета за опасност по германската нација и култура но сите останати се придружија на повикот на канцеларката Меркел да се биде солидарен.

Откако беше критикувана дека бавно реагира на осуда на антибегалските протести и инциденти Меркел повика на заедничка акција за да биде толерантен кон беглаците и сите партии освен сестринската ЦСУ поради свои причини го прифатија апелот.

За левицата важна е солидарноста со тие што бегаат од прогонство и војна, за конзервативците покрај солидарноста важен е и фактот што со нови луѓе се намалуваат последиците од се постарото германско општество и лошите демографски трендови. Дел од политичките сили во бегалците и нивната енергија и мотив да работат гледаат позитивен сигнал за пазарот на работна сила кој годинава го достигна најниското ниво на невработеност од обединувањеето на Германија.

Според најавите на владата во Берлин до крајот на годинава Германија ќе прими 800 илјади барања за азил иако анализите говорат дека оваа бројка би можела да ја надмине цифрата од еден милион луѓе.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски