Знаете ли зошто работиме 8 часа на ден?

Од:

Неодамна, Американците го прославија Денот на трудот и на еден ден ги затворија вратите на своите канцеларии, со цел да го поминат денот со семејството. Остатокот од светот, Денот на трудот го одбележува на првиот ден од месец мај, кога работниците во САД ја почнаа борбата за осум-часовен работен ден.

Иако во 1867 година во Илинои е донесен закон, со кој им се гарантира на работниците осум-часовен работен ден, работодавците на почетокот не го прифаќаа тоа.

На 1 Мај истата година, во Чикаго започнал штрајк кој се претворил во судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата незадоволните работници ги притиснала со сила и на тој начин им овозможила на работодавците да продолжат да го кршат законот.

Претседателот на Соединетите Американски Држави во 1869 година издал проглас со кој на државните работници им гарантира осум-часовен работен ден, но работниците во приватниот сектор можеле само да се надеваат дека законот на државата ќе им овозможи и на нив еднакви права.

На крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век, синдикатите успеале да се изборат за осум часа на работа на ден за индустриските работници, но на повеќето Американци тоа им пошло од рака во средината на педесетите години од 20-тиот век.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ