На денешен ден

Од:

25 јули 2015

1712.- Војската на швајцарските протестантски кантони во битката кај Вилмерген ја победи армијата на римокатоличките кантони, со што во Швајцарија завршија верските војни.

1883.- Во Торино е роден Алфредо Казела, италијански композитор, пијанист, диригент и музички писател. Умре во Рим, на 5 март 1947 година.

1834.- Умре англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски литературни критичари. Дела: „Кристобел“, „Лирски балади“, критиките „Предавања“, “Biographia Literaria”.

1843.- Умре шкотскиот хемичар Чарлс Мекинтош, пронаоѓач на непропустливата ткаенина наменета за дождовни покривки.

1848.- Роден е британскиот државник Артур Џејмс Балфур, премиер на Велика Британија од 1902 до 1906 година. Како државен секретар за Ирска од 1887 до 1892 година го доби прекарот „Крвавиот Балфур“, поради начинот на кој го гушеше ирското движење за независност, а како шеф на дипломатијата во 1917 година го објави планот (Балфурова декларација) за создавање на национална држава на еврејскиот народ.

1878.- Првата кинеска дипломатска мисија во САД пристигна во Вашингтон.

1894.- Во Велики Обљај, кај Босанско Грахово, е роден Гаврило Принцип, припадник на организацијата на босанската револуционерна младина „Млада Босна“. Во Сараево, на 28 јуни 1914 година, изврши атентат врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Беше осуден на 20 години робија. Настанот беше еден од поводите за почеток на Првата светска војна. Умре во воениот затвор во Теразин, во Чешка, на 28 април 1918 година.

1894.- Роден е американскиот филмски актер Волтер Бренан. Добитник е на повеќе oскари. Филмови: „Да се има и нема“, „Наредникот Јорк“, „Франкештајновата невеста“, „Фурија“, „Дојди и земи“, „Кентаки“, „Моја драга Клементина“, „Црвена река“, „Рио Браво“.
1898.- Војската на САД во шпанско-американската војна го окупира Порторико, кој дотогаш беше шпанска колонија. САД никогаш не му дадоа независност на Порторико, иако е на американска територија. Иако Куба и Филипини до оваа војна беа под шпанска колонија овие две земји се здобија со независност.

1909.- Францускиот пилот Луј Блерио прв го прелета со авион каналот Ла Манш.

1925.- Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. Кај селото Папрадиште, Титовелешко, велешкиот партизански одред “Димитар Влахов” беше нападнат од бугарската полиција. Невена Георгиева, која се бореше во првите борбени редови на својот одред, на 6 декември 1942 година беше смртно погодена.

1934.- Нацистички командоси ја нападнаа владината палата во Виена, го убија канцеларот Енглоберт Долфус и се обидоа да ја преземат власта во земјата. Меѓутоа, Мусолини, гневен што Хитлер го излажал со ветувањето дека нема да ја гиба Австрија, испрати четири дивизии на австриската граница, по што беше скршен нацистичкиот пуч.

1945.- Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.

1947.- Три баталјони на ДАГ од Епир и од Македонија, во чиј состав влегуваше и четата на Атанас Кизов, ги нападнаа владините војски во градот Гревена. Целта на операцијата за заземање на градот не успеа. Во оваа битка голема борбеност покажа Кизов, кој при обидот да уништи еден непријателски бункер смртно беше погоден. Роден е во селото Нерет, Леринско, во 1914 година.

1963.- Советскиот Сојуз, САД и Велика Британија склучија договор за забрана на нуклеарни проби во воздух, под вода и во вселена.

1968.- Римскиот Папа Павле Шести на римокатолиците им забрани секаков вештачки метод за спречување на бременост.

1984.- Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која стапна на Месечината и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која двапати била во нејзиното пространство.

1986.- Умре американскиот филмски режисер од италијанско потекло Винсенте Минели, кој во 1958 година го доби Оскарот за филмот „Жижи“. Други филмови: „Мадам Бовари“, „Американецот во Париз“, „Чај и симпатија“, „Кисмет“, „Куќа на брод“, „Ѕвоната ѕвонат“, „Градот на илузиите“, „Некои дотрчаа“.

1991.- Советскиот претседател Михаил Горбачов изјави дека не е реално градењето комунизам во Советскиот Сојуз и дека владејчаката Комунистичка партија мора да ги отфрли „застарените идеолошки догми“.

1997.- Сојузот на извидниците на Македонија е примен во Светската скаутска организација, чие седиште е во Женева, Швајцарија.

2000.- Непосредно по полетувањето кон Њујорк, авионот „Конкорд“ на компанијата „Ер Франс“ падна врз еден хотел близу Париз. Падот не го преживеа никој од 109-те патници и членови на екипажот, а загинаа и пет луѓе на земјата. Тоа беше прво рушење на британско-францускиот суперсоничен авион откако почна да лета во 1969 година.

2003.- Легендарното Црешово топче, кое го користеа македонските востаници во времето на Илинденското востание во 1903 година, а се чува во Воениот музеј во Истанбул (него, на 2 јули 1997 година го пронајде мајорот на Армијата на Република Македонија Ванче Стојчев, доктор по историски науки и професор на Воената академија „Михаило Апостолски“ во Скопје) е донесено во Република Македонија. Република Турција и го отстапи на Република Македонија на привремено (три месеци) чување по повод 100-годишнината од Илинденското востание.

2003.- Умре британскиот филмски режисер Џон Шлезингер, кој се прослави со филмот „Полноќен каубој“ (Оскар), „Крвава недела“ и „Маратонец“.

2011.- Светски познатиот грчки режисер Михалис Какојанис, кој го создаде класикот од 60-те години „Гркот Зорба“, со Ентони Квин во главната ролја, почина во Атина на 89-годишна возраст. Какојанис, роден на Кипар, беше награден со три „Оскари“ за странски филм, добивајќи ги статуетките за најдобар режисер, најдобра филмска адаптација и најдобар филм за адаптацијата на романот на Никос Казанѕакис – „Гркот Зорба“.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

Поштар чувал над 7.000 писма во својот дом

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

sixteen − seven =