Значително зголемен бројот на пушачи во Германија во време на пандемијата

Од:

Процентот на пушачи во Германија значително се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот, според студијата цитирана од ДПА.

Повеќе од една третина (34,5 проценти) од луѓето постари од 14 години во земјата пушат, покажуваат резултатите од германската студија за однесувањето на пушачите (ДЕБРА), што се уште е во тек.

Пред да избие пандемијата на почетокот на 2020 година, нивниот удел беше околу 27 отсто, покажува репрезентативното истражување за трендовите на населението во пушењето.

Директорот на ДЕБРА, епидемиологот Даниел Коц, го опиша зголемувањето како застрашувачко.Тоа најмногу им го припишува на поранешните пушачи кои повторно се вратиле на штетната навика поради стресот и грижите предизвикани од пандемијата.

Според него, во Германија, пак, се задржува трендот на зголемување на бројот на млади кои никогаш не пушат. Работите не беа вака во 1970-тите, 1980-тите и 1990-тите.

„Охрабрувачки е тоа што се помалку млади луѓе пушат“, вели Кристина Румел, директорка на германскиот центар за зависности. Таа додаде дека „за жал, кај возрасните е забележан спротивен тренд“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски