Германската федерална разузнавачка служба им доставувала на странски разузнавачки служби броеви на мобилни телефони на потенцијални терористи, објави Зидојче цајтунг.
Тие податоци биле користени за откривање исламисти во Авганистан, Пакистан и Сомалија и за извршување удари од беспилотни летала врз нив, додава весникот.
Од разузнавањето потврдиле дека со години постои таква практика, но не откриле на кој начин ги локализирале терористите за да бидат ликвидирани од воздух. Имено, по тој принцип во 2010 година во Пакистан е убиен Германец кој војувал на страната на исламистите.
– САД го добиле од германското разузнавање бројот на мобилниот телефон и некои од списокот на контакти, наведува медиумот.