Договорот меѓу сегашните власти на Јапонија и Јужна Кореја, според кој Токио јавно се извинува и понуди финасиско обештетување на жртвите на сексуалното искористување на Корејките во Втората светска војна придонесе за целосна нормализација на односите меѓу двете држави, но предизвика бура протести на директните жртви и нивните наследници.
Спорот околу тоа дали неколу стотини илјади жени и девојки од Кореја и Кина биле присилно доведени да бидат предмети за уживање на јапонските војници, или тие самите со одлучиле да заработуваат за живот од проституција, со децении ги обременуваше односите на Јапонија со Јужна Кореја Во педесетите години на минатиот век предизвика и подолг прекин на дипломатските односи, а Сеул без јапонско извинување и признавање на гревовите не прифати директна политичка соработка со Токио.
Спогодбата, што ја потпишаа шефовите на дипломатиите на двете држави минатиот понеделник предизвикува незадоволство и во Јапонија и во Јужна Кореја. Јапонците сметаат дека нивната влада непотребно попуштиле пред „нереалниот притисок’’ и дека со договорот е нанесена голема штета на јапонското достоинство.
Неаздоволството е уште поголемо во Јужна Кореја, каде што договорот од страна на жртвите, опозицијата и граѓанските здруженија е прогласен за „ ништожен и неприфатлив ’’.
Делегација на сега веќе многу возрасни жени, жртви на сексуалното ропство во јапонските воени логори неделава престојуваше во Њујорк, каде што имаа средба и со земјакот, Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Тој им рекол дека потполно се согласува со нивното незадоволство, но го замолил да не протестираат премногу, бидејки смета дека релациите меѓу Токиои Сеул се од витално значење за мирот во регионот, па и пошироко во светот.