Жолто небо и дожд со песок од Сахара над Источна Франција

Од:

Добар дел од источниот и средниот дел на Франција вчера и денеска се најдоа во необична атмосферска состојба, во која доминираше небото со жолтеникава светлина, а автомобилите беа прекриени со жолт песок. Причината за ова се честички од песок од Сахара, јави дописникот на МИА.

За да го објасни овој феномен, Метето Франс објасни дека ова е последица од песочната бура која во последните часови дува во пустината Сахара, во Мароко. Многу изразениот јужен тек ги испрати честичките од песок во атмосферата, а потоа депресијата на Балеарските Острови дозволи песокот да се крене многу подалеку на север, до Франција, па дури и до Бенелукс.

Ситниот дожд потоа ги спушти зрната песок на земја… паѓајќи врз автомобилите и улиците.

Неколку слични епизоди се случија минатата година. Жолтото небо беше особено видливо на почетокот на февруари 2021 година, поради ниското зимско сонце.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата