„Жолтите елеци“ стануваат партија

Од:

„Жолтите елеци“ во Франција ќе основаат партија, чии водач ќе биде Жаклин Муро, која им припаѓа на главните и умерени актери на протестното движење „Жолти елеци“ во Франција.

Нејзината нова партија, според досегашните најави би требало да излезе и на локалните избори во 2020 година.

За весникот „Фигаро”, Муро изјави дека нејзината цел е да му понуди на Французите друга опција, со тоа што нејзиното движење ќе се разликува од традиционалните политички движења.

Педесетгодишната Жаклин вели дека сè е на самиот почеток. Статутот сé уште не е целосно готов, но сè треба да се направи што е можно побрзо. Следната година, новата политичка формација треба да оди на локалните избори.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски