„Жолтите елеци“ со намален број демонстранти, најавија општа мобилизација доколку Макрон не попушти

Од:

„Жолтите елеци“ и натаму протестираат во неколку градови низ Франција, соопштија претставниците на ова движење. Ова е седма сабота по ред што се одржуваат протести против политиките на претседателот Емануел Макрон, а бројот на демонстранти денес беше значително помал од претходно.

Дел од претставниците на тоа движење кое почна без какви било политички и синдикални рамки, сметаат дека намалувањето на бројот на демонстранти е поврзано со Божик и Нова Година и најавуваат остро продолжување во јануари и покрај владините отстапки.

Претседателот на движењето, Бенјамин Коши изјавил дека демонстрации ќе има и во текот на новогодишната ноќ, за да се покаже дека мобилизацијата нема да биде прекината со почеткот на 2019 година, пренесе АФП.

Тој предупредил дека доколку не бидат зголемени отстапките на Макрон, кон крајот на јануари ќе следи општа мобилизација.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски