Жолтите елеци разочарани од предлозите на Макрон

Од:

Лидерите на протестите на Жолтите елеци изразија разочарување од одговорот на францускиот претседател Емануел Макрон на нивните барања за воведување на економски олеснувања за работниците.

Тијери Пол Валет на Твитер објави дека Макрон кога ги изнесе предлозите за решавање на барањата на Жолтите елеци „зборуваше како врховен водач“ и изгледаше дека „не разбира дека треба да покаже скромност“.

Движењето на Жолтите елеци најави нови протести за време на викендот.

И Ингрид Левавасер предлозите на Макрон ги оцени како „целосно незадоволувачки“. Но, таа го поздрави предлог мерките за децентрализација, додавајќи дека предлогот не предвидува решавање на финансиските потешкотии на пензионерите.

Макрон синоќа на прес-конференција изјави дека Франција не се наоѓа на погрешен пат и најави нови реформи како одговор на протестите на Жолтите елеци.

– Се запрашав дали треба да прекинеме се што е направено во изминатите две години, дали сме на погрешен пат, но јас верувам во спротивното, истакна Маркон синоќа на една од ретките прес-конференции како одговор на повеќе месечните протести на Жолтите елеци.

Тој нагласи дека мора да се обезбеди подобро функционирање на јавните услуги во помалите места и „мора да се гарантира пристап за сите здравствени служби, како и да се гарантира дека ниту едно училиште или болница нема да бидат затворени без одобрение на градоначалниците“.

Макрон се осврна и на пензиите, додавајќи дека Владата планира да ги зголеми најниските пензии поради растот на инфлацијата.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток