„Жолтите елеци“ предизвикаа хаос на француските патишта

Од:

Членовите на француското протестно движење „жолти елеци“ денеска ги болкираа наплатните рампи на автопатите во Франција, предизвикувајќи застои и хаос по патишта во пресрет на божиќните празници.

Француските медиуми јавија дека на некои места демонстрантите други и ги запалиле наплтните пунктови.

Најголемиот концесионер на француските автопатишта „Винчи“ соопшти дека „жолтите елеци“ протестираат на околу 40 наплатни рампи.

Најновите протести следат по најавата на „Винчи“ дека ќе им испрати фактури на сите возачи кои поминале низ отворените наплатни рампи без да платат патарина за време на протестите на „жолтите елеци“.

Во меѓу време, француската Влада соопшти дека ќе им исплати по 300 евра бонус на околу 111.000 полицајци, кои се ангажиреани во обезбедувањето на протестите на „жолтите елеци“.

Според најавите, ваквата одлука ќе ја чини Франција 33 милиони евра.

Меѓутоа, полициските синдикати не се задоволни со ваквата одлука и бараат државата да инвестира во реформа на полицијата и на полицајците да им бидат исплатени надоместоците за прекувремена работа, кои не им биле исплаќани изминативе години.

Синдикатот Алианс ги повика полициајците утре да останат во полициските станици и да интервенираат само во случај на „итни предупредувања“.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски