Демографскиот институт на Белгија ги објави последните податоци за последиците од пандемијата врз популацијата, од кои произлегува дека животниот век се намалува, а населението значително побавно ќе биде во пораст.
Зголемената смртност и намалените миграциски текови, што се должат на пандемијата, ќе тежат врз демографскиот биланс на Белгија оваа година, соопшти Федералното биро за планирање.
Наместо планираното зголемување на населението од 50 илјади, тоа ќе порасне само за 17 илјади во 2020.
Анализите покажуваат зголемување на смртноста за девет илјади лица, додека пак 87 илјади помалку мигранти ќе влезат во Белгија поради рестрикциите поврзани за пандемијата.
Ова исто така значи дека во просек животниот век во Белгија оваа година ќе се намали за пет месеци во споредба со претходната година, додека обично тој секоја година се зголемува за два и пол месеци.