Живот постои и на други планети, тврдат американски астрономи

Од:

Вонземјани дефинитивно постојат. Така, барем тврдат двајца астрономи кои од американскиот Конгрес бараа продолжување на финансирањето на програмата за потрага по животот надвор од Земјата, пишува „Хафингтон Пост“.

Дан Вертимер, директор на центарот „Потрага по вонземска интелегенција“ (СЕТИ) при Универзитетот во Калифорнија, пред конгресниот Комитет за наука, вселена и истражувања рече дека „речиси 100 отсто е можно постоење на вонземски микробен живот“.

– Последните 50 години доказите цврсто укажаа на тоа дека компонентите и условите за кои мислиме дека се потреби за живот се почести и се поприсутни во нашата Галаксија, порача Вертимер, додавајќи дека најверојатно е можно да се развива живот и на други места и затоа се потребни научни истражувања.

Колегата на Вертимер, Сет Шостак, астроном од СЕТИ,  рече дека верува оти шансите да биде пронајден живот надвор од Земјата се големи.

– Мислам дека шансите се добри, а дали тоа ќе се слулчи во наредните 20 години ќе зависи од финансиите, порача тој.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ