Првите два обиди на поранешниот воен падобранец од 9-ти октомври, беа откажани заради силните ветрови.
Денеска тој повторно ќе се обиде да го урне рекордот на Џозеф Китинџер поставен пред 52 години, кога тој скокна од висина нешто поголема од 31 километар.
Феликс ќе скокнe од Розвел, Ново Мексико, а се очекува падот да трае 5 ипол минути, се додека не достигне висина од 1.524 метри кога ќе треба да го отвори падобранот.