Живи ги фрлиле во печка поради богохулење

Од:

Во Пакистан се уапсени четириесет лица осомничени за убиство на христијански пар, кој бил обвинет за осквернување на Коранот.

Како што соопшти полицијата тие најпрвин ги претепале, а потоа ги фрлиле во врела печка во тулана, во која работеле.

Според наводите на медиумите, луѓето од соседните села се собрале кога локалниот мула го прогласил парот за виновен за богохулење, поради што заминале до нивната куќа, ги извлекле надвор, ги претепале и потоа ги фрлиле во печката.

Нападот се случил во местото Кот Рада Кишан, на околу 60 километри од Лахоре, престолнина на Панџаб.

Жртвите се идентификувани како Шајман Биби Урф Шамар и нејзиниот сопруг Саџад Насир Зурја Назир Насир.

Комисијата за човекови права во Пакистан (ХРЦП) соопшти дека парот имал три малолетни деца и дека убиената жена била бремена.

-ХРЦП нема зборови со кои ќе го изрази шокот и тагата поради ладнокрвното убиство на брачниот пар и нивното неродено дете- се наведува во соопштението.

Според пакистанскиот закон богохулењето и осквернувањето на Коранот се казнува со смрт или доживотна робија.

Организациите за човекови права веќе одамна бараат итно укинување на овој закон, со образложение дека тој доведува до дискриминација, прогони и убиства. Тој често се користи за лична одмазда, а обвинетите се на мета на револтирана маса луѓе.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица