Жителите на Порторико сакаат да станат 51. држава на САД

Од:

Жителите на Порторико побараа земјата да стане 51. сојузна држава на САД на референдумот за статусот на карипскиот остров потонат во долгови, кој има незадолжителен карактер, јави ДПА.

Гласачите требаше да избираат меѓу три можности, независност, целосно членство во составот на САД или задржување на сегашното статус кво, кое датира од 1898 година.

Резултатот од референдумот нема правно-обврзувачки карактер, бидејќи само американскиот Конгрес има право да го менува статусот на Порторико.

По пребројуавње на 92 проценти од гласовите, 97,2 отсто од гласачите се изјасниле за приклучување кон САД. Одѕивот беше низок, едвај 23 отсто од 2,3 милиони регистрирани избирачи се појавија на гласачките места, откако опозицијата повика на бојкот.

Жителите на островот на кој се говори шпански, се граѓани на САД, но имаат ограничени избирачки права и претставување во Конгресот.

Тие не можат да гласаат на претседателските избори и делегацијата во Конгресот во Вашингтон нема право да учествува во гласањата. Тие можат слободно да патуваат во САД и да служат во армијата.

Критичарите на сегашниот статус на островот на „слободно придружена држава“ кон САД, но со статус на неинтегрирана територија, велат дека тоа е остаток од колонијализмот и сметаат дека САД имаат морален долг да го направат островот сојузна држава.

Една од причините да не стане 51. американска држава се неговите економски проблеми. Долгот на островот изнесува околу 70 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски