Жителите на Нов Зеланд ќе може на референдум да одлучат дали ќе го зачуваат или не знамето на државата, изјави премиерот на Нов Зеланд.
– Според мене, за Новозеланѓаните дојдено е време да размислат за премин што подобро ќе го отсликува нашиот статус како независна и модерна нација, изјави Џон Ки.
Предидена е процедура во две етапи – во крајот на идната година жителите на Нов Зеланд ќе изберат нов дизајн на националното знаме меѓу неколку варијанти одбрани од комисија. Втората етапа е планирана за 2016 година кога ќе се избира дали знамето кое има најмногу гласови ќе биде официјално или ќе се зачува старото знаме. Тој потег државата би ја чинел околу 21 милион долари.