Здружението за заштита на животните од Јужна Африка остро реагираше на веста дека поради непрописен транспорт починала една жирафа.
– Две жирафи се превезувани со камион, но нивните глави излегувале надвор од возилото. Едната жирафа удрила со главата на мостот на автопатот во Преторија и го скршила вратот, по што умрела, изјави раководителот на локалното здружение за заштита на животни.
Од здружението за заштита на животни нагласија дека е покрената истрага и планираат да поднесат тужба против сопственикот на животните.