Жестока кампања: Бекам против, Еклстон “за“ излегување на Британија од ЕУ

Од:

Ден пред пресудниот референдум и за Британија и за ЕУ, познатите Британци се вклучија во кампањата. Едни бараат да се остане во ЕУ, но други излез. Што ќе се одлучи ќе биде познато во четврток .

Последен кој се оглеаси за останување во ЕУ е фудбалскиот суперстар Дејвид Бекам. Екс капитенот на англиската репрезентација кажа дека сега “сите заедно треба да се соочуваат со проблемите во светот, а не секој сам“.

-Живееме во динамичен и поврзан свет и јаки сме само заедно. Од таа причина јас гласам да останеме во ЕУ, напиша Бекам на Фејсбук.

Слично мислење има и научникот Стивен Хокинг, кој смета дека Брегзит би бил катастрофален избор.

Кира Најтли, ѕвезда од филмот “Пиратите од Кариби“ исто ќе гласа за останување во Европската унија. Таа заедно со 282 колеги од светот на филмот, модата, музиката и јавниот живот е потписник на отвореното писмо во кое истакнати уметници ги молат Британците “да не неправат грешка со напуштање на ЕУ“.

Уметниците помеѓу кои се и креаторката Вивијен Вествуд и актерката Ема Томпсон наведоа во писмото дека на креативната индустрија и е потребна слобода да работи во Европа, но и финасирање од европските фондови.

Сепак, некои уметниви како Елизабет Харли најавија дека сигурно ќе гласаат за излегување од ЕУ, додека легендарната Џоан Колинс на својот Твитет профил напиша “Брегзит“ што беше доволно за да го каже својот став.

Повеќето од луѓето од спортот се за останување во ЕУ, но има такви кои бараат излегување.

-Сакам да излеземе од ЕУ. Знам што се и даваме на Унијата, само не знам како та ани враќа, рече Берни Еклстон, сопственик на Формула1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска