Жесток отпор на џихадистите во Ирак, владините сили не го зазедоа Тикрит

Од:

Ирачките сили се повлекоа од северниот ирачки град Тикрит, што под контрола го држат екстремистите, откако во операциите за повторно заземање на градот наидоа на жесток отпор, изјави денеска војник кој учествувал во  борбите.

Владините војници и сојузничките шитски доброволци кои учествуваат во борбите, биле принудени да се повлечат во нивната база на четири километри јужно од Тикрит, откако биле изложени на силен минофрлачки и снајперски оган, соопштија безбедносни извори.

Обидот за преземање на Тикрит, што на 12 јуни падна во раце на сунитските бунтовници под водство на екстремистичката група „Исламска држава во Ирак и Левантот“, почна пред 20-тина дена.

Утринава во Тикрит не се забележени никакви борби, тврдат локални жители.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија