Верувањето дека само дебелите жени се убави, предизвикува криза со гојазност во Мавританија, земја во која жените се приморани да се дебелат за да најдат брачен партнер.
Во земјата која се наоѓа меѓу Западна Сахара и Сенедал, жените се охрабруваат да ставаат што повеќе килажа уште од најраната возраст, за да се сметаат за атрактивни. Да се биде дебела е пожелно, тоа е знак на богатство и престиж, во земјата која се бори со недостаток на храна.
Затоа жените се приморани да земаат таблети кои не се наменети за луѓе. Американскиот новинар Томас Мортон, го истражувал овој културолошки проблем, но негова задача не била само да пренесе што видел, туку и да учествува во таквата исхрана.
Во документарниот филм прикажан на HBO се гледа како девојчињата од 8 години ги тераат да јадат се повеќе.Кога ќе стигнат до годините за мажење, ги праќаат во кампови за дебелеење во пустина, каде дневно внесуваат до 15.000 калории.
За појадок обично имаат трошки од леб полиени со маслиново масло, а потоа пијат млеко од камила. Во текот на целиот ден јадењето не престанува, а се состои од месо, смокви, кускус, тестенини.
Мортон открил дека многу девојки тоа го сметаат за мачење, но родителите не се откажуваат. Американскиот новинар само по два дена се здебелил шест килограми, на овој режим на исхрана, а се чувствувал подуено и мачнина.
Веројатно поради слични проблеми и жените во Мавританија се одлучуваат за други методи на дебелеење, кои не го оптоваруваат нивниот желудник, но се опасни за здравјето.