Жените од Индонезија бараат забрана за стапување во брак пред 18 години

Од:

Националното здружение против насилство над жените побара властите да забранат стапување во брак на девојките кои немаат 18 години. Главен аргумент на ова барање се податоците според кои Индонезија, веднаш зад Камбоџа, е на врвот на азиската листа според процентот на смртни случаи во период на бременост и при породувањето.

Според еден американски извештај, подготвен од ЦИА, во 2010 година кобни последици на бременоста имале 220 од 100.000 жени, а според локално истражување, по две години, бројката се искачила на 359.

Во Индонезија, според чии закони и малолетниците имаат право на глас ако се во брак, дозволено е легализирање на брачна врска со наполнети 16 години. Во легален брак стапувале и девојки меѓу10 и 14 години, а официјалната статистика говори дека во оваа категорија има речиси половина милион млади Индонезијки.

Женското лоби во Индонезија упати остри критики до владата која, според нив, не презема ништо за да се спречат последиците од предвременото стапување во брак. Тие потсетуваат дека според начинот на живеење во оваа 250 милионска земја жената е столб на семејството, но тоа не е случај со младите невести. Тие доста често се изложени на семејно малтретирање и насилство, а според една анализа, направена во Финска, а која сега се промовира во Индонезија, семејното насилство е главна причина за проблеми во бременоста и најлошиот исход на оваа благословена состојба.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски